Демократите во САД ја предупредија Републиканската партија: Ќе зажалите за потврдата на судијката Берет

Од:

Сенаторите од Демократската партија на САД предупредуваат дека републиканците ќе зажалат што ја номинирале Ејми Кони Берет за судијка на Врховниот суд, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“.

Демократите се соочуваат со внатрешни реформски промени откако Доналд Трамп победи на претходните претседателски избори во 2016 година.

Неколку сенатори од Демократската партија на САД предупредија дека доколку тие ја добијат власта преку изборите закажани на 3 ноември, републиканците нема да бидат во можност да се вратат повторно и да бираат судии во Врховниот суд.

Тие сметаат дека републиканците го уништиле филибастерот во 2017 година за номинирање на судии во Врховниот суд и го намалиле времетраењето  на дебатата за избор на пониските судови минатата година.

Нејасно е дали демократите, дури иако го освојат мнозинството, ќе имаат гласови во рамките на својата група за проширување на Врховниот суд. Покрај тоа што ќе треба да го уништат филибастерот, тие исто така ќе треба да обезбедат 50 гласа за законски измени во Врховниот суд.

„Хил“ пренесе дека повеќето од сенаторите кои ја претставуваат Демократската партија на САД се подготвени за законски измени во правосудството со цел „да ја вратат нивната политичка моќ“.

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден досега не се изјасни дали ќе го поддржи проширувањето на највисокиот суд во САД ако биде избран за претседател, но рече дека ќе назначи двопартиска комисија за проучување на судските реформи.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините