Делта-сојот ќе доминира во Европа до крајот на август, ќе биде одговорен за 90 отсто од случаите

Од:

До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

„Варијантата делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може да стане сериозна пречка за напорите да се стави пандемијата под контрола“, се вели во документот.

Во него се наведува дека според достапните податоци, оваа варијанта на вирусот е 40-60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“, а има и поголем ризик од хоспитализација.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски