Делор: Недостигот на солидарност е „смртна опасност“ за Европа

Од:

Европскиот совет, соочен со коронавирусот, во четвртокот ги покажа поделбите меѓу 27-те земји, особено помеѓу земјите од Северот и Југот, јави дописникот на МИА од Париз.

Поранешниот претседател на Европската комисија Жак  Делор (94), во декларацијата пренесена во медиумите од страна на Институтот кој  тој го основа, предупреди дека „недостигот на солидарност е смртна опасност за Европската унија“.

– Климата што се чини дека владее меѓу шефовите на држави и влади и недостигот на европска солидарност претставува смртоносна опасност за Европската унија, вели поранешниот француски министер за економија, кој претседаваше со Европската Комисија од 1985 до 1995 година.

Според него, за да функционира Европската унија, потребна е конкуренција што стимулира, солидарност што обединува и соработка што зајакнува.

Поранешниот соработник во Европската комисија, Жером Вињон потенцира дека „овие зборови на Жак Делор, кој ретко зборуваше во последните години, се систематски да се обиде да поттикне поголема соработка и солидарност меѓу земјите-членки“.

– Жак Делор честопати ја повторуваше оваа максима: За да работи Европската унија, потребна ни е конкуренција што ја стимулира, солидарност што обединува и соработка што ја зајакнува, вели Вињон.

Од грчката криза, 2013-2014 година, подвлекува Вињон, неколку земји-членки, вклучително и Франција, предложија јавни емисии на заеми, започнати заедно од страна на државите, за да се олесни финансирањето на долгот на оние кои се соочуваат со најсериозни тешкотии.

– Досега и се уште во центарот на оваа криза, европското централно јадро одби да го здружи долгот, додека тоа ги користи благодетите од правилното функционирање на економската и монетарната унија. Тие претпочитаа да ги релаксираат условите за користење кредитни линии, кои се отворени за сите, но не се загарантирани од сите. Како што истакна Жак Делор, опстанокот на Европа е во прашање, вели неговиот поранешен соработник Вињон.

Претседателот на Институтот „Жак Делор“, италијанецот Енрико Лета во петокот зборуваше во Фигаро, каде изрази жалење и ја осуди неможноста на дваесет и седумте да одлучуваат за заеднички економски мерки.

– По две големи кризи, финансиската и кризата со мигрантите, се соочуваме со голем ризик во Европа, ослабена од Брегзит, предупредува Лета, кој го оцени како „сериозен неуспех“ последниот Европскиот совет.

Според него, „одговорноста не е генерализирана“. – Не е цела Европа, вели Лета. Тој особено ги смета „неодговорни“ земјите основачки како Холандија и Австрија.

– Вирусот нема никаква врска со дефицитот или со долгот и влијае на сите нас, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла целосно предлогот за уставни измени со одложено дејство

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

ВИДЕО: Историска грешка на ЕУ е што ја стави Македонија зад Албанија

Катерина Ѓуровски