Дел од Европската Унија игра со Русија, не нè сака во НАТО обвини претседателот на Украина

Од:

Членството во НАТО е безбедносна гаранција, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На прашање дали Киев е подготвен да се откаже од членството, тој одговори: Тоа не е амбиција на Украина. Изгубивме 15.000 луѓе. Тоа не е амбиција. Тоа е наш живот. Не се работи за НАТО. Станува збор за иднината на луѓето. Ако зборуваме за НАТО, Европската унија, за привремено окупираните подрачја – зборуваме за нашата независност. Тоа е тоа. Одлучивме што сакаме.

Украинскиот претседател ги коментираше притисоците од некои европски земји, кои бараат Украина да не стане дел од НАТО.

– Не можеме да ги затвориме очите и да кажеме дека само Русија не нè сака таму. Тоа не е вистина. Некои земји од ЕУ играат заедно со Русија, што е погрешно, додаде Зеленски.

Тој отфрли каков било национален референдум за членство во НАТО. Желбата на Украина да биде членка, како што појасни Зеленски, е веќе „запишана во уставот на земјата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск