Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис денеска изјави дека најверојатно исходот од преговорите со Европската унија ќе биде постигнување договор. Во исто време, тој истакна дека британската влада е подготвена и ако не се постигне договор.
– Постигнувањето договор со ЕУ е најверојатниот исход, но исто така е и најдобриот начин за нашата земја, рече Дејвис на Лондонската конференција посветена на Брегзит.
– Не мислам дека е во интерес на која и да било од двете страни да нема договор. Но, како одговорна влада, треба да направиме планови за какви било опции, додаде тој.