Главниот преговарач на Британија за Брегзит, Девид Дејвис денеска изјави дека ЕУ испаднала глупава со тоа што критикувале за британскиот пристап во преговорите за кои Брисел рече дека е малку постигнато.
– Да бидам искрен, мислам дека испаднаа глупави, бидејќи очигледно има работи кои сме ги постигнале. Комисијата се става себеси во глупава позиција ако вели дека ништо не е постигнато, изјави Дејвис за Би-Би-Си.
Тој додаде дека Британија веројатно ќе уплаќа пари во ЕУ по Брегзит, но во прашање не е голема сума.