Поранешниот директор на ЦИА и пензиониран генерал на американската армија, Дејвид Петреус, е осуден на две години затвор, условно и на висока парична казна од 100 илјади долари, за откривање „чувствителни и доверливи“ материјали на авторката на неговите мемоари Пола Бродвел.
Пресудата на Петреус е донесена по претходната спогодба на одбраната и на обвинителството, откако поранешниот генерал пред два месеци ја призна вината.
Американското обвинителство го товареше некогашниот генерал дека на авторката, недозволено и открил осум доверливи материјали, што ги имал кај себе, за војната во Авганистан.
Судијата на судот во градот Шарлот,во сојузната држава Северна Каролина, во својот завршен збор при изрекувањето на пресудата рече дека станува збор за „сериозен престап“ и за повеќе од двашати ја зголеми паричната казна.
Обвинителството претходно побара условна затворска казна и 40 илјади долари парична казна за некогашниот шеф на ЦИА.
Дејвид Петреус во 2012 година поднесе оставка на функцијата во американаката разузнавалка агенција,откако потврди дека тој е во љубовна врска со Бродвел,која започнала во текот на правењето на книгата.
Во 2007 година генерал Петреус раководеше со американаката војска во Ирак и успеа да го скриши отпорот на Ал Каеда во оваа земја. Претходно, тој беше командант на силите на НАТО во Авганистан.
Во своето обраќање пред судот,пред да биде изречена казната,Петреус се извини за својата постапка.
Подоцна,по излегувањето од судницата,на новинарите им рече дека им благодари на сите кои му ја даваа до крајот својата подршка и најави почнување на „нов период„ од својот живот.