Дејвид Камерон во работна посета на Алжир

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска престојува во работна посета на Алжир, на средба со неговиот домаќин, алжирскиот премиер Абделмалек Селал.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека Камерон по Алжир ќе ја посети и Либерија, каде во главниот град Монровија ќе учествува во работата на  меѓународна конференција за развој.

Во текот на престојот во алжирскиот главен град, Камерон ќе се сретне и со преседателот на оваа северноафриканска земја Абделазис Бутефлика.

Посетата на Камерон на Алжир доаѓа по заложничката криза што настана откако една исламистичка милитаанта група поврзана  со Ал Каеда, ги нападна постројките на рафинеријата за гас во Ин Аманас во југоисточен Алжир, земајќи како заложници стотина домашни и странски работници.

Во интервенцијата на алжирските специјални сили за спасување на заложниците и за ликвидирање на терористите, беа убиени 37 странски работици и најмалку десетмина Алжирци.

Меѓу убиените беа четворица Британци и еден жител на Велика Британија, додека судбината на уште двајца британски државјани кои беа меѓу заложниците се уште не е позната.

Во текот на разговорите на Камерон со Селал и Бутефлка ќе стане збор за борбата против тероризмот во Северна Африка, како и за сегашната операција во Мали.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ