Дејвид Камерон ветува „замрзнување“ на даноцоте во Велика Британија

Од:

Лидерот на британската Конзервативна партија и актуелен премиер, Дејвид Камерон ветува „замрзнување„ на даноците во наредните пет години,доколку гласачите му ја дадат довербата на парламентарните избори, што се одржуваат идниот четврток.

Камерон и неговата партија настојуваат да обезбедат уверлива победа на изборите, за да можат сами и без коалиција да ја формираат идната британска влада.

Според ветувањето што денеска им го даде на Британците,Камерон вели дека неговата идна влада, до крајот на петгодишниот мандат нема да го зголемува данокот на приходите, данокот на додадена вредност (ДДВ), како и давачките за социјално осигурување.

Опозициските лабуристи и нивниот лидер Ед Милибанд, ги обвини конзервативците и нивниот лидер дека со своите ветувања, давани во последен момент и на брзина, се закануваат да ја доведат земјата во ризична ситуација доколку победат на изборите.

Според Милибанд, станува збор за „очајнички обиди„ на Камерон да ја придобие довербата на гласачите, што само покажува дека партијата повеќе стравува дека нема да победи, отколку што верува во уверлив триумф на изборите од 7 мај.

Сите анкети направени досега, укажуваат дека ниту една од двете големи,главни партии во Велика Британија не ќе може да обезбедат доволно мнозинство за да сами созадат влада, па дека одново ќе има коалициски владин кабинет, а дека во Парламентот, по многу години покрај конзервативците и лабуристите ќе има уште три други партии, што ќе одчучуваат околу изгледот на идната влада.

Прогнозоте најголеми шанси за ваквата улога на „кинг мејкери„ им даваат на Шкотската национална партија (СНП) и на англиската, антиевропска Партија за независност на Обединетото кралсво (УКИП).

Камерон и конзервативците не сакаат да влезат во коалиција со ниту една од овие две, а очекуваат тежок пораз на либералдемократите со кои досега беа во коалиција, па во финишот на кампањата покренаа жестока офанзива против шкотските сепаратисти.Изманатите денови, Камерон ги плаши гласачите дека тие се закана за иднината на Британија, а посебно ги плаши од можниот сојуз на лабуристите и СНП, за кој вели дека би претставувал „катастрофа„ за земјата и за нејзината иднина.

Неговото ветување за „замрзнување„ на даниците е разллично примено од домашните медиуми.Проконзервативните весници му даваат подршка на Камерон, но „Фајненшл Тајмс„ ја нарекува ваквата понуда од лидерот на ториевците како „крајно невообичаена„.Според весникот, таа на еден среден рок од пет години, му ги врзува рацете на Министерството за финансии, како и на владата, со која Камерон сака да раководи и во следниот мандат, што не е добро за никого.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство