Дејвид Камерон со семејството на гости кај Ангела Меркел

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон заедно со сопругата и трите деца ќе престојува во официјална посета на Германија како гостин на канцеларот Ангела Меркел.

Камерон, неговата сопруга Саманта и децата ќе ја поминат ноќта меѓу петок и сабота во палатата Шлос Масенберг северно од Берлин, во друштво со Меркел и нејзиниот сопруг. Оваа палата е службена резиденција на германските канцелари за пречек и престој на странски гости.

Претставник на Даунинг стрит 10 изрази задоволство од поканата Камерон да допатува во Берлин заедно со целото свое семејство.

– Ваквата покана на Меркел ги одразува силните лични чувства и почитувањето што ги имаат меѓу себе германскиот канцелар и британскиот премиер, рече портпаролот на Камерон.

Ова е првпат, Камерон да патува во официјална посета во странство со своето семејство. Со сопругата Саманта тој патуваше само еднаш во САД, за време на посетата на Белата куќа.

Лондон најави дека главни теми на дијалогот меѓу Меркел и Камерон ќе биде британското барање за реформи на ЕУ, претстојниот самит на Г8 што во јуни ќе се одржи во Северна Ирска и ситуацијата во Сирија.

Камерон им вети на британските гласачи нови преговори со Брисел околу статусот на Велика Британија во ЕУ и референдум за излез или останување во Унијата до 2017 година, доколку ториевците останат на власт и по изборите во 2015 година. Во настојувањето Велика Британија да не остане изолирана во ЕУ, британскиот премиер сега им нуди на сите членки разговори околу потребата за „поголема флексибилност“ при примената на сите одлуки и договори на ЕУ.

Престојот во Берлин е дел од мини-турнејата на Камерон низ Европа, што беше прекината во понеделникот, при неговата посета на Шпанија, поради смртта на Маргарет Тачер. Поради смртта на поранешната премиерка Камерон ја прекина посетата и се врати во Лондон, одлагајќи ја закажаната средба со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите