Британскиот премиер Дејвид Камерон се заложи за „пофер сметки“ за струја за британските граѓани. Неговата изјава доаѓа по најавите на компаниите за производство и дистрибуција на електрична енергија во Велика Британија, за тоа дека Британците годинава ќе треба да очекуваат „значителен раст“ на цената на струјата за домаќинствата.
Засега нема сознанија колкаво треба да биде поскапувањето годинава, но електрокомпаниите таквото решение го оправдуваат со тврдењето дека земјата се соочува со „сериозен дефицит“ на електрична енергија.
Острите мерки за штедење и намалувањето на буџетскиот дефицит, кои ги наматена коалициската Влада на Дејвид Камерон, предизвика со намалување на трошоците да бидат опфатени и некои проекти во енергетскиот сектор, како и обновата на застарените и изградба на нови нуклеарни централи.
Изјавата на британскиот премиер доаѓа по настаните во Бугарија, каде падна владата на тамошниот премиер Бојко Борисов по неколкудневните протести во Софија и во уште некои градови, поради високите сметки за струја и постојаното поскапување на електричната енергија.