Дејвид Камерон се соочува со можен бунт во Конзервативната партија

Од:

Британскиот премиер и лидер на владејачката Конзервативна партија, Дејвид Камерон, се соочува со „бунт“ во редовите на неговите ториевци, по успехот на евроскпетичната УКИП, која првпат успеа да обезбеди едно пратеничко место во Долниот дом на Парламентот.

Според извори од партијата, на кои се повикуваат лондонските медиуми, нервозата меѓу конзервативците, може да изнуди дури и гласање за доверба на Камерон, како партиски лидер.

Нервозата ја предизвикува тоа што првиот пратеник на Партијата на независноста на Обединетото Кралство, е доскорешен пратеник на ториевците. Тој, заедно со уште еден од пратениците на Камерон, премина во УКИП, затоа што политиката на Најџел Фараж кон ЕУ, му е поблиска од онаа на Владата.

Лидерот на УКИП Фараж заговара Велика Британија веднаш да ја напушти ЕУ, а Камерон најави референдум за напуштање или останување во ЕУ,до крајот на 2017 година, доколку конзервативците победат на изборите во мај идната година и по новите преговори со Унијата, околу идните британско-европски односи.

Пребегнатиот пратеник убедливо победи во изборната единица на која досега беше пратеник и која важеше за „упориште на конзервативците“. Тоа предизвика страв меѓу тврдите ториевски евроскептици, како и меѓу пратениците кои стравуваат дека на изборите би можеле да го загубат местото, доколку му останат лојални на Камерон, па сега притискаат за порадикален и појасен приод на конзервативците кон ЕУ и кон имиграционата политиката.

Стравувањето се зголеми, откако едно партиско истражување, откри дека други четворица пратеници-ториевци ќе може да ја задржат функцијата во Вестминстер, ако „пребегнат“ во УКИП.

Вонредното гласање за пратеничкото место на вториот „бегалец“ од изборната единица во Кент во Англија ќе се оддржи идниот месец, па доколку ториевците уште еднаш претрпат пораз, Камерон би можел навистина да се бори за својата лидерска функција во партијата.

Потенцијалните „бунтовници“ сметаат дека се уште има време, со евентуалено нов лидер, да се запре подемот на УКИП, која од маргинална партија, се претвора во политички фактор кој може да има „крунска“ улога при фромирањето на идната влада.

Фараж и неговите советници, сметаат дека гласачите, посебно оние во Англија, бараат промени и растурање на досегашното партиско „тројство“ во кое покрај конзервативците, се и лабуристите и либералдемократите, но нивните проценки се дека на следните избори, никој нема да победи уверливо, па затоа одново ќе треба да се создава коалиција.

Се очекува конзервативците да добијат најмногу гласови, но ќе им треба поддршка околу создавањето влада, па тој веќе му понуди на Камерон да ја поддржува неговата „малцинска влада“, а за возврат да се согласи референдумот за ЕУ да се оддржи веќе идната година, веднаш по парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство