Дејвид Камерон: Наскоро повеќе овластувања за шкотскиот парламент

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека шкотскиот Парламент, Холируд, наскоро, ќе добие повеќе овластување, доколку гласачите на референдумот од 18 септември, гласаат против отцепувањето на Шкотска од Велика Британија.

Според Камерон, зголемените овластувања, предвидени со деволуцијата, ќе му овозможат на Парламентот во Единбург да одлучува и за други области, за да се помогне развојот на шкотската економија и за да се зголеми вработеноста во тој дел од земјата.

– Гласањето за останување во Велика Британија, е вистинскиот избор за шкотскиот бизнис и за луѓето во Шкотска, рече британскиот премиер.

Камерон ќе зборува денеска на традиционалната годишна средба во Глазгов, со претставниците на шкотскиот бизнис. На оваа средба, што се оддржува во финишот на кампањата за референдумот за независност, британскиот премиер одново ќе ги изнесе гаранциите дека „многу брзо“ ќе бидат зголемени овластувањата за Холируд.

Сепаратистите предводени од првиот министер Алекс Салмонд, ги уверуваат Шкотланѓаните дека вистинската можност за раст на домашниот бизнис и за подобрто живеење на луѓето, ќе постои само во незавосна Шкотска и со нејзиното отцепување од Велика Британија.

Со законот за деволуција (префрлање на овластувањата од Лондон,врз Единбург) од 1998 година, шкотскиот Парламент ја обнови својата работа, по тогаш, безмалку,три века, а неговите пратеници добија можност да одлучуваат независно од Лондон за сите сектори од држаното работење, освен за надворешната, одбранбената и даночната политика.

Сите три главни британски партии, минатиот месец со јавна декларација се обврзаа дека доколку Шкотска остане во Велика Британија, овластувањата за Холирид ќе се префрлат и за даношниот сектор и фискалната политика.

Британските конзервативци, на својата јунска годишна конфереција се согласија тие овластувања да се однесуваат за ДДВ-то, за даноците на приход и за социјалните фондови.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on