„Дејли телеграф“: Министер е веројатно извор на „Сан“ за тврдењето дека кралицата е за Брекзит

Од:

 Министерот за правда во британската влада, Мајкл Гоув е веројатно изворот на „Сан“ за тврдењето на таблоидот дека кралицата Елизабета ја поддржува кампањата Велика Британија да ја напушти ЕУ, пишува „Дејли телеграф“.

Гоув кој е поранешен новинар за „Тајмс“ беше министер и во претходната влада на премиерот Дејвид Камерон, во која конзервативците коалицираа со либералдемократите на Ник Клег.
Меѓу британските ториевци, важи за евроскептик, а сега е еден од петмината владини министри кои отворено заговараат Брекзит.

Проконзервативниот весник признава дека засега нема потврда кој навистина е „изворот на „Сан“ но навестува дека Гоув може да се соочи со сослушување во владиниот кабинет околу инволвирањето на кралицата во политичките игри пред европскиот референдум во Британија, закажан за 23 јуни.

Таблоидот „Сан“ кој како и „Тајмс“ се изданија на Руперт Мардок кој од порано важи за евроскептичен, кога станува збор за засиленото интегрирање на ЕУ и создавањето единствена заедничка валута, предизвика вчера бранување во домашната јавност откако објави дека кралицата се согласува со Брекзит.

Како потврда за ова, весникот посочи еден разговор што кралицата го имала во Бакингмаската Палата, во 2011 година, со тогашниот заменик премиер Ник Клег во кој таа вели дека „ ЕУ се движи во погрешна насока„.

Весникот посочи и еден друг разговор на кралицата, со британски пратеници во кој изразува слични „неразбирања„ за Унијата.

„Сан„ и во двата случаи се повикува на свои „сигурни и доверливи„ извори кои одбива да ги идентификува.

Бакингамската Палата веднаш реагираше со остра осуда на постапката на „Сан„ и со демант на ваквото пишување, инсистирајќи дека станува збор за „лажни тврдења„ а денеска соопшти дека има поднесено формален приговор до контролорот на работењето на весниците во Британија.

Клег кој повеќе не е лидер на либералдемократите, изјави дека пишувањето на „Сан„ се обични глупости, а другите медиуми застанаа во одбрана на политичката неутралност на која со Уставот е обврзана кралицата.

Гоув се најде на удар на конзервативцуите, лојални на премиерот Камерон, со изјавата од минатиот месец, дека договорот што британскиот премиер го постигна со ЕУ за останување на земјата во Унијата, е необврзувачки и незаконски.

Неговата изјава веднаш беше демантирана од Даунинг стрит 10, а и од Брисел, но „Дејли телеграф“ тогаш навести дека Мајкл Гоув не би можел повеќе да остане министер за правда, кога од таа позиција го отфрла договорот што официјално го има прифатено владата на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство