Дејли телеграф: Британска помош за странство во раце на Ал Каеда

Од:

Терористичката група во Сомалија Аш Шабаб конфискувала британска помош вредна речиси половина милион фунти, објави Дејли телеграф.

Тврдењата на весникот за терористичката група поврзана со Ал Каеда се дадени по анализа во британското Министерство за меѓународен развој.

Конфискувањето било извршено во изминатите три месеци за време на различни инциденти во Сомалија. Помошта била одземена од фирми со кои соработувале од Министерството.

Не се прецизира какви испораки се во рацете на Аш Шабаб, но експерт од секторот за помош за меѓународен развој нагласува дека станува збор за голема количина материјали кои може да им помогнат на терористите долго време.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година