„Дејли мирор“: Вилијам Хејг по повлекувањето од политиката може да заработи 20 милиони фунти

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, по повлекувањето од политиката може да заработи дури 20 милиони фунти, пишува „Дејли мирор“.

Хејг кој беше 26 години член на британскиот Парламент, не беше кандидидат за пратеник на последните парламентарни избори, а реши да замине и од партијата.

Ваквото решение уследи по неговото разочарување од состојбите во редовите на ториевците, кога со последната реконструкција на претходниот владин состав, пред крајот на минатата година, Хејг ја загуби влијателната функција шеф на британскиот Форин Офис и доби маргинална улога во пратеничката група на ториевците во Долниот дом на Парламентот.

Партискиот лидер Дејвид Камерон одлучи во владата да ги внесе сите „тврди„ евроскептици, за да ги смири состојбите во „бунтовното„ десно, антиевропско партиско крило, во обидот да му се парира на растежот на антиевропската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП).Хејг важи за тачерист и евроскептик, но тој не е за тоа Британија да замине од ЕУ.

Неговите блиски пријатели откриваат дека Хејг, по заминувањето од политиката, ќе му се посвети на пишувањето книги и одржувањето предавања, заработувајќи по 100 илјади фунти за еден настап.

Истите извори, за весникот откриваат дека Хејг нема намера, завршувањето на пратеничкиот мандат, да го замени со членството во Горниот дом во Вестминстер и добивањето лордовска титула.

Наместо тоа, се верува дека доскорешниот министер повеќе сака да влезе во светот на бизнисот, со прифаќањето директорска функција во некоја од угледните британски банки.

Надвор од британската политика, Хејг може да заработува по околу четири милиони фунти годишно,или цели 20 милиони, до крајот на мандатот на овој состав на Парламентот.Како министер (и пратеник) , за истиот овој пет годишен период , тој не би заработил повеќе од 600- 700 илјади фунти.

Вилијам Хејг (54) беше избран за лидер на Конзервативната партија, по уверливиот пораз на Џон Мејџор, на изборите во 1997 година од Тони Блер.По истиот таков пораз од Блер и во 2001 година, Хејг ја напушти лидерската функција во партијата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство