„Дејли мејл“: Се шират нови гласини во кои се тврди дека Ким Џонг-ун починал

Од:

Неколку часа откако беше објавено дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во критична здравствена состојба, во медиумите се појавија шпекулации дека тој починал.

„Дејли мејл“ објави дека заменик-директорот на сателитската телевизија на Хонг-Конг „ХКСТВ“, Шиџијан Ксингзоу, ја објавил информацијата за смртта на Ким Џонг-Ун, повикувајќи се на сигурни извори.

Претходно, јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ откако претходно му беше извршена операција  на срцето.

Јапонскиот весник „Јомиури шимбум“ повикувајќи се на неимнеувани извори објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“