„Дејли Мејл“: Пет членки на ЕУ предлагаат „мини Шенген зона“

Од:

Пет членки на Европската унија изработиле план со кој се придвидува „исклучување“ од Шенген зоната на Грција, Италија, Шпанија и земјите од Источна Европа, тврди британскиот  весник „Дејли Мејл“.

Според весникот, планот, зад кој наводно стојат Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија, предвидувал создавање на еден вид „мини Шенген зона“, на чии надворешни граници би се применувале посторги мерки на контрола, дури и за државјаните на другите членки на ЕУ.

– Со планот на властите би им се овозможило проверка на пасошите на сите патници што доаѓаат од земјите надвор од „мини Шенген зоната“ и создавање на база на податоци на „сомнителни лица“, за кои би постоел сомнеж дека се занимаваат со тероризам, наведува лондонскиот весник.

„Дејли Мејл“ тврди дека планот ќе биде официјално претставен на утрешната средба на министирите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ.

Дипломатски извори за весникот посочиле дека ваквата идеја следи, откако во ЕУ преовладало мислењето дека „Шенген зоната се соочува со проблеми“.

– Се уште не сме се договориле за некакво решение, но во тек се тајни разговори и засега има многу различни мислења за ова прашање, изјавил неименуваниот дипломат.

Според „Дејли Мејли“, идејата за создавање на ваква „мини Шенген зона“ се појавила по нападите во Париз од минатиот петок, во услови на зголемен прилив на бегалци, кој преку Грција и балканските земји се движат кон западноеверопските држави, во најголем број кон Германија.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он

Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

А1он