„Дејли мејл“ го објави целиот план на Трамп за мир во Украина

Од:

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ тврди дека таканаречениот „Мировен план на Трамп“ за Украина е објавен на интернет. Повикувајќи се на овие информации, весникот пишува дека конфликтот ќе заврши до 9 мај годинава.

Според „Дејли Мејл“, првиот телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп се очекува да се одржи во првата половина на февруари. Во исто време, планиран е телефонски разговор меѓу рускиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

До крајот на февруари или почетокот на март би можело да се одржи лична средба меѓу Путин и Зеленски, можеби со присутен Трамп. На оваа средба, според извештајот, ќе бидат договорени клучните услови од мировниот договор и ќе се постигне договор за прекин на воените дејствија.

Според овој план, прекинот на огнот ќе стапи на сила на 20 април, со што ќе се запре понатамошниот напредок на руските сили. Исто така, украинската армија би морала да се повлече од регионот Курск, каде во август минатата година започна контранапад.

Друг клучен дел од предлогот се однесува на забраната за пристапување на Украина во НАТО, при што Киев е обврзан да го признае суверенитетот на Русија врз одредени територии, пишува британскиот таблоид Дејли Мејл.

Според протечените информации, на 9-ти мај на светската јавност ќе и бидат објавени сите мировни договори. Тогаш Украина би ја укинала воената состојба и мобилизацијата, а истовремено би се закажувале и претседателски и парламентарни избори.

Според извештајот на Дејли Мејл, клучните точки од планот на Трамп вклучуваат:

„Создавање на демилитаризирана зона во Украина, обезбедена од европските, а можеби и британските сили, додека американската војска би избегнала каква било директна улога. Забрана за влез на Украина во НАТО, но дозвола за продолжување на европската интеграција и влез во ЕУ. Киев ќе биде обврзан да го признае Донбас и териториите на Новоросија како дел од Руската Федерација“.

Еден од најинтересните аспекти на овој план е прашањето за реконструкција на Украина.

Според „Дејли мејл“, трошоците за обновата на Украина би паднале на товар на Европската Унија, која би требало да одвои 486 милијарди долари во следните 10 години за обнова на земјата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Најголем договор досега

(ВИДЕО) Украинците со дронови го нападнаа Санкт Петербург каде гостин беше Путин

Горан Наумовски

Трамп: САД и ЕУ имаат добри шанси да постигнат трговски договор

Речиси 100 украински дронови соборени над руски региони

Зеленски ги повикува европските партнери да помогнат во плаќањето на украинските војници

Русите имаат ново оружје: Ова е „ѕвер“ што ги тресе силите