Дејли меил: Нацистите гранатирале свои градови поради воени вежби

Од:

Архив со строго доверливи документи обелодени документи во кои се вели дека нацистите убиле илјадници германски граѓани бомбардирајќи свои градови со ракети В-2 со цел вежби за гранатирање, објави Дејли меил.

Весникот наведува дека тајните служби Ес-Ес нудат доказ дека Адолф Хитлер ги користел своите градови за да тестира дострел на ракети и обем на уништувачко дејство што може да го нанесат. Тоа значи дека илјадници луѓе во Германија загинале од соствениот лидер меѓу 1944 и 1945 година, а нацистите за тоа ги обвинувале сојузничките сили, наведува весникот.

Ракетите В-2 во Втората светска војна биле истрелувани врз Лондон и југоисток на Британија, како и врз цели во Европа и од нив загинале повеќе од 7.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис