Де Мезиер: Неприфатливо е што голем дел од азилантите во Германија се имигранти од Балканот

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, изјави дека е „поразно и неприфатливо“ за Европа тоа што голем дел од азилантите во Германија се имигранти од Балканот, пренесоа француските медиуми.

Де Мезиер подвлече дека статусот на кандидати за азил е почитуван за лицата кои се подложни на мачења во нивните земји.

Во Германија во првите седум месеци од годината од вкупниот број на лица кои бараат азил дури 40 проценти се луѓе од Балканот, објасни министерот при посетата на прифатниот центар во Ајзенхјутенштат, во кој се сместени 2 249 азиланти.

-Ова е неразбирливо, неприфатливо и поразно за Европа затоа што овие луѓе го обременуваат системот кога се зголемуваат барањата за азил од земји во конфликт, посочи Томас де Мезиер.

Германија е исправена пред значителен доток на имигранти, меѓу кои голем број се од Косово, Албанија или Србија. Овие имигранти, кои бараат подобар живот и работа во Германија, не можат да добијат статус на бегалци што им се дава на лицата зафатени од војни или подложни на мачења во своите татковини.

Според министерот, треба да се донесе брзо решение оние кои имаат потреба да бидат заштитени, не само да можат да останат, туку да бидат и целосно интегрирани, а оние кои немаат потреба од заштита да имаат достап до праведна и брза процедура и потоа да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски