Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека екстремни левичарски екстремисти најверојатно стојат зад саботажата на француската железница извршена во петокот, неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.
Дарманен за ТВ Франс 2 изјави дека во текот на истрагата биле идентификувани профилите на неколку луѓе и дека начинот на кој работат диверзантите има карактеристики на екстремно левичарски екстремисти, пренесува Ројтерс.
Францускиот национален железнички оператор SNCF во неделата објави дека е завршена поправката на железничките пруги оштетени од пожарот во петокот.
Операторот соопшти дека железничкиот сообраќај ќе биде целосно обновен денеска, пренесе Би-Би-Си.
SNCF соопшти дека околу 250.000 патници биле погодени од саботажата на железницата, додека францускиот министер за транспорт Патрис Вергрие процени дека околу 800.000 луѓе би можеле да бидат погодени од прекинот на железничкиот сообраќај на три дена.
Обвинителството во Париз отвори кривична истрага за подметнувањето пожар, надгледувано од обвинителството за организиран криминал.