Данската премиерка поднесе оставка

Од:

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит поднесе во петокот оставка, со што е отворен патот за опозиционите либерали да започнат преговори за формирање на нова влада со народњаците, по победата на овонеделните избори.

Торнинг-Шмит ја поднесе оставката до кралицата Маргарета во кралската палата во Копенхаген.

Данската премиерка го призна поразот на вчерашните парламентарни избори, кога порача дека ќе се повлече од местото претседател на Владата и од местото лидер на Социјалдемокраската партија.

Опозицијата во Данска, која е составена со Либералната партија на поранешниот премиер Ларс Леке Расмусен и Данската народна апртија, однесе победа на парламентарните избори. А разговорите за формирање на нвоата влада се очекува да започнат веќе денеска.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ