Данска сака да го присвои Северниот пол

Од:

На само десет дена до Божиќ, Данска одлучи да го присвои Северниот пол, што оваа мала скандинавска нација може да ја доведе во судир со рускиот претседател, Владимир Путин и Канада, околу рудите со кои располага ова парче земја.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Гренланд всушност е поврзан со подрачјето каде што под лед се наоѓа Северниот пол и тоа благодарение на континенталната кора позната како Ломоносов гребен.

– Со оглед на тоа што Гренланд е дел од Данското Кралство, тоа на државата и дава право на сопственост – изјави данскиот министер за надворешни работи, Мартин Лидегард и додаде дека Данска ќе испрати барање за тоа до ОН.

Инаку од петте арктички држави, САД, Русија, Норвешка, Канада и Данска, до сега единствено Канада и Русија покажаа интерес за оваа територија.

– Ова е историска пресвртница за Данска, но и за многу други држави, бидејќи Северниот пол влијае на животот на многу луѓе. Откако одборот на ОН го разгледа барањето кое се базира на научни податоци, сега е време за политички процес. Очекувам дека тоа ќе трае некое време, а одговорот ќе биде готов за неколку години- рече Лидегард за „Асошиејтед прес“.

Тој додаде дека се надева дека арктичките нации ќе продолжат да се придржуваат до правилата на игра како што го правеле тоа и до сега.

Инаку во 2008 година, сите се согласија прашањето за Северниот пол да го решат ОН.

Инаку интересот за Арктик се повеќе се зголемува со топење на ледот, поради глобалното затоплување, што го зајакнува потенцијалот за искорисување на природните ресурси и нови трговски правци.

Се смета дека подрачјето на Северниот пол крие 13 проценти од вкупните светски резерви на неоткриена нафта, како и 30 проценти плин.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот