Данска привремено ќе ги премести своите над 130 војници од Ирак во Кувајт

Од:

Данска привремено ќе ги прераспореди своите повеќе од 130 војници од Ирак во соседен Кувајт од безбедносни причини, изјави данскиот премиер Мет Фредериксен.

„Оваа одлука се темели на советите на данското воено раководство“, изјави тој.

Околу 30 до 40 дански војници треба да останат во авиобазата Аин ал-Асад во западен Ирак, додека другите треба да бидат прераспоредени во соседен Кувајт. Тоа, според Фредериксен, ќе биде привремен потег.

Одлуката уследи по иранскиот ракетен напад врз американските бази во Ирак.

Данските трупи што ќе бидат прераспоредени во Кувајт имаа свој придонес во тренинг мисиите во рамките на операцијата „Непоколеблива одлучност“, што има за цел зајакнување на долгорочниот капацитет на ирачките трупи  да се спротивстават на милитантите на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма