Данска помогнала во американското шпионирање на Меркел и сојузниците од Европа

Од:

Тајната служба на Данска им помагала на САД во шпиунирањето европски политичари меќу кои и германската канцеларка Ангела Меркел тврди данското национално радио. Шпиунирани биле и политичари од Шведска, Франција и од Норвешка.

Информацијата е дека данската разузнавачка агенција ова го направила преку користување на надзорната соработка со данската воена разузнавачка служба – ФЕ.

Данското Министерство за одбрана засега не одговори на барањата на медиумите за коментар за овој шпионски скандал што пред неколку години сериозно ги разниша односиоте меѓу САД и Германија.

Данската министерка за одбрана, Трине Брамсен, која на функцијата е од јуни 2019 година, за шпионираењето била информирана во август 2020 година, наведува Данското традио. Таа за ДР изјави дека „систематското прислушување на блиските сојузници е неприфатливо“.

Нејасно е дали Данска ги овластила САД да го користат својот систем за набљудување за да ги шпионираат своите соседи.

ДР ги обелодени информациите по истрагата спроведена заедно со шведската телевизија СВТ, норвешкиот НРК, германскиот НДР, „ВДР Зидојче Цајтунг“ и францускиот весник „Ле Монд“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и тогашниот опозициски лидер Пјер Штајнбрук се меѓу политичарите кои биле шпионирани од САД.

Шпионажата била детално опишана во таен внатрешен извештај на работната група на ФЕ со кодно име „Операција Данхамер“ и бил презентиран пред високиот менаџмент на ФЕ во мај 2015 година, тврди Данското радио.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија