Данска почнува со олеснување на карантинските мерки

Од:

Данска планира да олесни дел од карантинските мерки наметнати поради новиот коронавирус.

– Јаслите и градинките ќе продолжат со работа од 15 април. Учениците од прво до петто одделение ќе се вратат во училниците, рече синоќа премиерката Мете Фредериксен, што е „прва претпазлива фаза“ за враќање на земјата во нормално функционирање.

– Сепак, Данците мора да бидат подготвени за фактот дека наметнатите ограничувања ќе останат со месеци, додаде премиерот.

Данска беше една од првите земји во Европа што презеде строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот. Според најновите податоци, во земјата се пријавени речиси 4.700 случаи на заразени и 200 луѓе кои ги загубија животите од таа болест.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари