Данската владата најави нов предлог кој би можел да им ја олесни на властите процедурата за принудно посвојување на деца чии родители се оценети за неспособни да преземат одговорност за нивната грижа, пренесуваат данските медиуми.
Според актуелните правила, во многу малку ситуации родителите се принудени законски да се откажат од своите деца и да ги дадат на посвојување. Но, предложените нови правила ќе им ја олеснат процедурата на властите, пишува весникот „Берлингске“.
Принудното посвојување може да се примени во случаи кога родителите не се способни да продолжат да функционираат како старатели, пишува весникот.
Предлогот е поднесен од министерката за деца и социјални прашања, Маи Меркадо, која рече дека во интерес на децата сака полесен процес за преземање на мерката присилно посвојување. Според проценките на тамошните власти предлогот најверојатно ќе добие масовна поддршка во Парламентот, иако конзервативниот сојузник на владата, Данската народна партија, се противи на тоа.