Данска гради прв енергетски остров

Од:

Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија.

Вештачкиот остров, со големина од 18 фудбалски игралишта, ќе биде поврзан со стотици турбини на ветер и ќе обезбеди енергија и за домаќинствата и за индустријата.

Тој ќе биде поврзан со повеќе европски земји.

Планот доаѓа паралелно со најавата за амбицијата на Европската унија за трансформација на електроенергетскиот систем, кој во рок од десет години треба да се потпира на обновлива енергија и зајакнување на капацитетот на ветерните електрани.

– Ова е голем момент за Данска и глобалната зелена транзиција, рече данскиот министер за енергетика Дан Јоргенсен.

– Енергетскиот јазол во Северното Море ќе биде најголемиот градежен проект во данската историја, додаде тој и додаде дека изградбата на островот ќе чини речиси 34 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“