Данска евроскептична партија ќе бара референдум ако Британците изгласаат излез од ЕУ

Од:

Ако Велика Британија изгласа излегување од Европската унија на референдумот што ќе се одржи на 23 јуни, данските избирачи исто така треба да добијат можност да го изразат своето мислење по прашањето за членството на земјата во Унијата, изјави денеска лидерот на десничарската евроскептична Данската народна партија (ДФ), Кристијан Тулесен Дал. 

– Ако Британците в четврток се изјаснат со „не, благодарам“ за ЕУ, референдум би требало да има и во Данска, истакна Тулесен Дал за данскиот весник „Оландс постен“.

Како што јави ДПА, тој додаде дека независно од одлуката на Велика Британија, Данците сепак исто така треба да се изјаснат за тоа прашање. 

Во врска со ваквото барање на Дал, претставникот на либералите задолжен за прашања за ЕУ, Јан Јоргенсен нагласи дека прво е неопходно „да се дочекаат и да се видат“ резултатите од британскиот референдум.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он