Дамаск: Вооружувањето на сириските бунтовници само ќе го продолжи конфликтот

Од:

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад смета дека вооружувањето на бунтовниците во земјата само ќе го продолжи конфликтот, нагласувајќи дека не планира да и ја предаде власта на опозицијата за време на мировните преговори во Женева.

– Вооружувањето ќе ја спречи конференцијата во Женева. Тоа ќе ја продолжи кризата и ќе им овозможи на терористите да извршат повеќе злосторства. Секогаш кога сириската армија ослободува некое село, западните земји велат дека има дисбаланс на силите и дека треба да се вооружи опозицијата, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем два дена по одлуката на групата „Пријатели на Сирија“ да ја зголемат помошта за опозицијата.

Тој истакна дека постојат „големи сомневања за намерите“ на западните земји, кои сакаат да ја вооружат сириската опозиција поради израмнување на силите во конфликтот.

– Не одиме во Женева за да и ја предадеме власта на другата страна, туку да воспоставиме вистинско партнерство и да создадеме широка влада на национално единство, која ќе вклучува претставници од сите категории на народот, додаде Муалем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија