Дамаск бара експерти на ОН да утврдат дали бунтовниците употребиле хемиско оружје

Од:

Сирија ги повика Обединетите нации да испратат свои експерти, кои ќе ги проверат тврдењата дека бунтовниците извршиле напади со хемиско оружје во Алепо и нагласи дека не им верува на американските и на британските тврдења дека било употребено хемиско оружје и на други места во земјата.

Амбасадорот на Сирија во ОН Башар Џафари изјави на прес-конференција во седиштето на Организацијата дека во понеделникот во градот Саракеб „вооружени терористички групации“ истурале од пластични кеси прав, кој според него „веројатно е некаква хемиска супстанца“.

Џафари истакна дека многу луѓе биле изложени на тој прав и оти имале симптоми, слични на труење со хемиско оружје.

Сириската опозиција ја обвини Владата за нападите, со хемиско оружје. Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека САД треба да ги разгледаат сите факти за евентуалната употреба на хемиско оружје во Сирија, пред да бидат преземени некакви мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија