Дамаск: Асад ќе остане на власт и има право да се кандидира за нов мандат

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад ќе остане на својата функција и има право да се кандидира за нов претседателски мандат на изборите во 2014 година, изјави денеска сирискиот министер за информации Омран Ахед ал Зуби.

– Сирија се држи на нозе – државата, нацијата, народот и претседателот. Така сака сирискиот народ. Целиот народ го сака Башар ал Асад за шеф на државата, без разлика што зборуваат опозицијата, Американците и предавниците, изјави Зуби на собир во Дамаск, на кој одговараше на прашања на националните медиуми и за актуелните проблеми.

Зуби оцени дека од Асад зависи дали ќе се кандидира за нов мандат во средината на идната година. Тој ја обвини опозицијата дека „нема храброст да излезе на избори“. – Ако имаше (храброст), немаше да стигнеме до тука, наглси Зуби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети