Дали триумфот на Германија ќе ја зголеми популарноста на Меркел?

Од:

Иако некои медиуми ја обвинуваа германската канцеларка Ангела Меркел дека сака да го искористи успехот на фудбалската репрезентација на Германија, анкетите од јавното мислење покажуваат дека поддршката и се зголемила паралелно со напредување на селекцијата.

За само еден час по финалниот натпревар помеѓу Германија и Аргентина, забележани се еден милион лајкови на фотографијата на која Меркел е заедно со победничката екипа, која го освои трофејот.

merkel-germanija-sp14-1

Иако таа како вистински фудбалски навивач, често била во публиката и пред да стане значајна политичка личност, „BBC“ оценува дека во недела во вистинско време, се наоѓаше на вистинското место.

Медиумите во текот на превенството ја опишуваа како среќна ѕвезда на германската екипа, а некои навивачи дури и истакнаа „Нашиот 12 играч е жена“.

Меѓутоа политичкиот бенефит од спортските успеси не е сосема јасен, а ниту сигурен. Еден од најголемите митови на британската политика е дека победата на Англија на Светското првенство во 1966 година ги одржала лабуристите во владата.

germanijasp14

Меѓутоа едно истражување укажува дека е занемарлива користа, која една држава и нејзините политичари може да ја имаат од спортскиот успех.

Што се однесува до Ангела Меркел сето ова укажува дек таа веројатно нема да добие голем политички бенефит од победата на Германија на фудбалскиот терен, бидејќи таа веќе има силна поддршка од германските граѓани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани