Дали привремените камбани поставени на Нотр Дам се причина за пожарот?

Од:

Прашања околу можните причини за пожарот во Нотр Дам се множат, откако неделниците Маријан и Канар аншене, открија дека на покривот на катедралата на главната кула биле поставени времено шест камбани на електричен погон, чиј краток спој на инсталацијата би можел да биде причина за пожарот.

Според двата неделници, кои се повикуваат на истрагата, овие ѕвона – три инсталирани во 2007 година над трансептот и трите други реновирани во 2012 година сместени во главната кула – до кои електричната енергија била донесена со кабли преку таваните на катедралата, може да се причина за пожарот предизвикан од нивни краток спој.

Информациите кои ги објавија неделниците, велат дека „електричните камбани биле инсталирани на барање на свештенството, што е спротивно на сите прописи за безбедност издадени од главните архитекти на историските споменици” .

Истражувањата за причините на пожарот продолжуваат и точно треба да се дознае кој ги поставил овие ѕвона и, пред се, зошто електричната инсталација не била верификувана за време на работата и, се разбира, дали се тие причина за несреќата.

Се уште нема реакција од Париската епархија. Инаку вработените кои работеле на скелето признале дека за време на изведбите пушеле, а моторите на електричните лифотви кои ги користеле не се наоѓале на местото каде избувна пожарот, исто така на денот на пожарот тие не заварувале и не користеле средства кои би можеле да бидат извор на топлина.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски