Дали навистина жените се почесто ги злоставуваат мажите?

Од:

Статистиката покажува дека жените се почесто ги злоставуваат мажите, но нашите соговорнички предупредуваат дека статистиката треба да се гледа малку повнимателно.

Признанието на манекенката Кели Брук за тоа дека своевремено физички ги злоставувала партнерите предизвика големо внимание во јавноста. Промовирајќи ја својата книга „Close up“, во една популарна ТВ емисија, Кели многу насмеана детално опиша како изгледале тие физички пресметки. И токму тоа смеење предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи: – Кели, насилство е насилство и нема ништо смешно во тоа – е една од многубројните пораки.

Кога се работи за злоставување на мажи, исто како Кели, многу луѓе ќе се насмеат бидејќи сметаат дека такво нешто е невозможно, со самото тоа што мажите се физички посилни од жените. Вакви реакции доживеаја и хрватските мажи кои пријавиле во полиција дека партнерките или сопругите ги злоставуваат. Во наведените поплаки мажите главно се жалеле на постапувањето на полициските службеници при наведените интервенции, наведувајќи дека според нив се однесувале навредливо и со потсмев, вели Вишња Љубичиќ, правобранителка за рамноправност на половите.

Се зголемил бројот на случаи во кои насилство вршат жени

Дали некому тоа е смешно или не, Извештајот за работата на правобранителката за рамноправност на половите за 2013 година, покажува дека се зголемил бројот на случаи во кои насилството во семејството го извршиле жените.

– Она што предизвикува прашања со увид во податоците е релативно голем број на жени кои се пријавени за насилничко однесување, па и задржани и приведени на суд за прекршоци. Од вкупниот број на лица пријавени за извршени насилства во семејства, лани 43,2 отсто ги направиле жени, истакна Вишња Љубичиќ.

Судејќи според податоците објавени во ланскиот Извештај, наведе правобранителката, се чини дека во Хрватска жените се понасилни од жените во светот. Сепак, податоците од Извештајот кои настанале врз основ на статистиката на полицијата, не треба ова да се гледа површно, на што укажува и самата правобранителка.

– Кога ќе се случи насилство, на жените не им преостанува ништо друго туку да се обидат да се одбранат или да го заштитат нападнатото лице, најчесто детето. При одбраната може да се случи и жртвата на некој начин да го повреди напаѓачот или испровоцирана од физички напад и психичко злоставување, да му возврати со пцовка или навреди. Во случај кога интервенира полицијата, се евидентира дека се повредени двете лица кои учествувале во настанот и заклучуваат дека се работи за семејна пресметка и прекршочно се пријавуваат двајцата сопружници, не правејќи разлика меѓу одбрана и напад, вели таа.

На опасноста од површно гледање на статистиката предупредува и Сања Сарнавка, претседателка на здружението Б.а.Б.е: – Злоставувањето на мажи кои го прават жени сигурно постои, но во далеку помал процент од случаи во кои мажите ги злоставуваат жените. Не верувам дека дошло до смена на моќта меѓу половите. Според нашите сознанија, во многу случаи се казнуваат двата партнери, посебно ако во судирите сведочеле децата и без оглед на тоа кој прибегнал кон насилство, а кој викал и се бранел. Статистиката бележи бројки не влегувајќи во квалитетна анализа. Често слушаме, а веројатно тоа е и вистина, дека мажите се почесто викаат полиција на прв знак на бунење на жената, независно од тоа дали се работи за викање или возвраќање на напад, наведува Сарнавка.

Сепак, мажите значително почесто ги злоставуваат жените

И навистина, според ланските податоци, се гледа дека жените сепак почесто се жртви на злоставување. Во 2013 година поради насилство во семејства пријавени се 16.564 лица. На судија за прекршоци приведени се 9.404 лица, од кои 8.062 лица мажи и 1.342 жени.

– Со анализа на податоците за бројот на жртвите на кривично дело со елементи на насилство направено меѓу блиски лица, а поделени според полот, се гледа дека жртвите од овие кривични дела најчесто се жени, објаснува правобранителката за рамноправност на половите.

Насилството во семејството може да биде психичко, физичко, но и економско. Најчесто се испреплетени сите три форми и тоа независно од тоа дали тоа го прават мажи или жени.

– Кога се работи за жените, најчесто се зборува за психичко злоставување и тоа во облик на постојано приговарање и поставување на барања… На физичко насилство сведочев во врска со постари мажи со многу млади жени, а тие се впуштиле во односи со нив поради пари, без љубов и чувство за почит кон партнерот, истакна претседателката на здружението Б.а.Б.е.

Таа додава дека треба да се спроведе истражување за да се дознае вистинскиот процент на мажи кои доживеале насилство во брак и со точен опис на видот на насилството.

– Бидејќи родовото насилство е структурно, а поврзано е со чувството на моќ, не верувам дека постојат големи разлики. Во повеќе наврати видовме крупни жени кои се плашат од ситни мажи бидејќи тие ги тепаат и злоставуваат. Не е во прашање односот на физичката сила, туку чувство на немоќ во однос на надмоќните. Жените кои се чувствуваат надмоќни еднакво сурово можат да злоставуваат мажи како што мажи злоставуваат жени. Бројките и искуството покажуваат дека состојбите во кои мажите со години се сурово злоставувани, се далеку поретки, наведува таа.

Tportal.hr – Загреб

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Охриѓанец ја истепал поранешната 30 – годишна девојка

Горан Наумовски

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата