Некои постари членови на кралското семејство не се поканети на крштевката на принцот Џорџ, која ќе се одржи кон крајот на месецот, бидејќи неговите родители сакаат свеченоста да биде интимен и семеен настан.
Тетката на принцот Вилијам, принцезите Ен и Софи, грофицата од Весекс, не се поканети. Иако Бакингамската палата одби да го коментира овој скандал, се чини дека ни прачичковците на Џорџ, принцот Ендрју и принцот Едвард исто така не се поканети на долго очекуваниот настан кој ќе се одржи на 23 октомври, пишува Дејли Мејл.
Вилијам и Кејт одлучија да раскинат со кралската традиција и се одлучија синот да го крстат во капела во палатата Сент Џејмс, бидејќи просторот е помал и поинтимен од Бакингамската палата. На крштевката ќе присуствуваат само најблиското семејство и пријателите.
Списокот на поканети гости се уште не е потврден, но на кршетвката сигурно ќе присуствуваат кралицата и принцот Филип, принцот Чарлс и војвотката од Корнвал, принцот Хари, потоа родителите на Кејт, Мајкл и Керол Мидлтон, сестрата Пипа и братот Џејмс. Се очекува и објава на имињата на шест кумови, но тоа најверојатно ќе биде долгогодишниот советник на Вилијам, Џејм Лотер Пинкертон, најдобриот пријател Томас Ван Страубензе и поранешната кралска дадилка Тиги Лег Борк.
Одлуката на кралската двојка да го промени местото на крштевката изненади многумина, со оглед на тоа дека принцот Вилијам, принцот Чарлс, принцот Ендрју и принцезата Ен се крстени во Мусиц Роом, во Бакингамската палата, додека кралицата е крстена во приватната капела на палатата.
Војводата и војвотката од Кембриџ одамна покажаа дека нема да се држат до старите кралски обичаи.
Вилијам за венчавката го намали предложениот попис на гости бидејќи некои луѓе не ги ни познавал, а двојката се одлучи наместо официјален портрет да ја објави првата семејна фотографија на принцот Џорџ, кој ја сликаше таткото на Кејт, Мајкл.
Двојката е поврзана за палатата Сент Џејмс, која до неодамна беше нивен дом, а пред олтарот на капелата во 1997 година лежеше телото на мајката на Вилијам, Дајана, кога семејството и пријателите и оддаваа почест при испраќањето во Вестминстерската катедрала.