Далај Лама се залага за марихуана за медицински цели

Од:

Тибетанскиот духовен водич Далај Лама денес во текот на дебатата за легализација на марихуаната, во Мексико истакна дека има потреба за легализација на овој наркотик за медицински цели.

-Но, доколку некој сака само поради лудост да ја користи, тогаш не е добро-изјави тој на собирот кој што го организираше поранешниот мексикански претседател Висенте Фокс, пренесе „Асошиејтед прес“.

Фокс стана еден од водечките заговорници за легализација на овој наркотик, со цел да се намали големата заработка од насилните нарко-картели.

Далај Лама од петок престојува во Мексико, но владата во државата, која што настојува да воспостави добри односи со Кина, одлучи да не се сретне со тибетанскиот духовен водич.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе

Во лавина во Тибет загинаа 20 лица, осум се водат како исчезнати

А1он

Членови на движењето „Free Tibet“ се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Ана Ололовска

Далај Лама: Човештвото има потреба од единство

Ана Ололовска