Далај Лама, 14-от тибетски будистички духовен лидер, предизвика контроверзии со изјавата дека ако неговиот наследник е жена, „таа треба да биде убава“.
– Ако не е физички атрактивна, луѓето едноставно нема да го гледаат тоа лице, изјави религиозниот поглавар за Би-Би-Си.
Овие негови погледи предизвикаа лавина негативни реакции, главно меѓу твитерџиите, кои во голем дел ја оценија изјавата како сексистичка.