Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе се повредени во голем пожар кој го зафати предградието на главниот град на Бангладеш, Дака, рече претставник на тамошната противпожарна служба.
Пожарот избил во сиромашниот дел на градот, рано наутро по локално време и брзо се проширил. На пожарникарите им требале четири часа да го угаснат огнот.
Под урнатините се извлечени телата на шест жени, четири мажи и едно дете. Потрагата за настраданите продолжува, а причината за пожарот се уште не е утврдена.