Претседателот на одборот на министри за финансии од еврозоната, Јерун Дајселблум денеска изјави дека нема причина да се одржи средба на ова тело по британското гласање за излегување од ЕУ.
Во обраќањето по седницата на холандската Влада, Дајселблум истакна дека Британците треба да одлучат кога ќе го спроведат излегувањето од Унијата, но дека периодот на неизвесност мора да биде што е можно пократок.
– Британците сами ќе мора да утврдат кога ќе почнат со спроведувањето на процедурата за излез, но периодот на неизвесност треба да биде што е можно пократок, нагласи холандскиот министер за финансии.