Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кому ќе му се суди за корупција и перење пари поради аферата „Петробраз“, обвиненијата против него ги оцени како фарса и пиротехнички спектакл.
– Разочаран сум бидејќи штотуку дознав дека судијата Сержио Моро го примил обвинението против мене и покрај тоа што тоа е фарса, голема лага, голем пиротехнички спектакл, рече Лула да Силва.
Моро изјави вчера дека има доволно докази за почнување судски процес против Да Силва, неговата сопруга и уште шест лица во врска со корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробраз“.