Цукерберг им се извини на Британците за „прекршената доверба“

Од:

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг денеска им се извини на Британците поради „прекршената доверба“, во врска со злоупотребата на личните податоци на околу 50 милиони корисници на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ Аналитика“.

Во извинувањето објавено на цела страница во неколку британски весници, Цукерберг наведува дека Фејсбук има одговорност да ги штити информациите на корисниците, а ако не може да го прави тоа, тогаш и не ја заслужува нивната доверба.

Тој тврди дека податоците на милиони корисници на Фејсбук во 2014 година протекле со помош на програма што ја изработил „еден унверзитетски истражувач“.

– Тоа е прекршување на довребата и жал ние поради тоа што не сторивме нешто повеќе во тоа време, наведува Цукерберг во својата прва реакција по објавувањето на скандалот со „Кембриџ Аналитика“.

Цукерберг во своето денешно извинување им се заблагодарува на корисниците што се уште веруваат во Фејсбук зедницата и ветува дека ќе ја направи подобра,

Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение.

Еврокомесраката за правда, права на потрошувачите и родова еднаквост Вера Јоурова денеска во изјава за Би-Би-Си побара од Фејсбук објаснување за злоупотребата на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.

– Тигарот излезе од кафезот. Ова претставува повик за бидење кога станува збор за кршење на правилата за заштита на податоците на Фејсбук, изјаи Јоурова, додавајќи дека скандалот би можел да ја промени опуштеноста на луѓето во САД во врска со прашањето на приватноста.

Јоурова нагласи дека ЕУ бара од Фејсбук да ги почитува европските закони и да стори многу повеќе кога е во прашање општествената одговорност и елиминирањето на говорот на омраза,

Таа најави дека утре ќе испрати официјално барање до Фејсбук за разјаснување на целиот случај и објаснување дали личните податоци на Европејците без нивно знаење биле неконтролирано прибирани преку социјалната нрежа.

Претходно, како што јави МИА, поранешниот менаџер на Фејсбук, Сенди Паракилас изјави дека социјалната мрежа крадела лични податоци на нејазините корисници дури и преку игрите, додавајќи дека профилите претсавуваат „стока која секојдневно се продава“.

Паракилас, кој во Фејсбик работел во 2011 и 2012 година како лице одговорно за почитување на правилата за заштита на податоците на корисниците, во изјава за „Вашингтон Пост“ вели дека во тоа време не бил премногу загрижен за заштитата на податоците, но дека аферата со „Кембриџ Аналитика“ го поттикнала да проговори за овој случај.

Според него, податоци за корисниците биле „крадени“ и преку големиот број популарни игри на Фејсбук, вклучувакјќи ги и „Кенди краш“ и „Фармвил“.

Паракилас вели дека секогаш кога еден корисник ќе прифати некоја апликација преку Фејсбук му се појавува „прозорец“ со кој се бара дозвола за пристап до неговите податоци. Станува збор за податоци кои се јавни на секој профил, како име и презиме, фотографии, лајкови и слично, но апликацијата добивала и пристап до информации кои корисникот ги чува како тајни.

– Во времето кога „Кембриџ Аналитика“ прибираше податоци за корисниците, Фејсбук им дозволи на програмерите пристап и до податоци на пријателите на корисниците, дури и ако тие не ја инсталирале апликацијата, ниту пак и дозволиле да ги користи нивните податоци. Тоа на програмерите им овзоможи за кусо време да создадат огромни бази на податоци, вели Паракилас, додавајќи дека објавувањето на аферата со „Кембриџ Амалитика“ потврдува дека таа практика продолжила и по неговото напуштање на Фексбук.

Според него, постои и опција да се забрани можноста апликацијата да има пристап до податоците на пријателите на корисниците, но таа се наоѓа „задскриена“ во поставките на Фејсбук и ја нема на сите јазици, па затоа само мал број корисници знаат за неа.

– Она што е најлошо е тоа што кога еднаш тие податоци од серверот на Фејсбук ќе преминат кај програмерите, Фејсбук веќе нема контрола врз нив, ниту знае за каква цел ќе бидат користени, додава Паракилас.

Тој за „Вашингтон Пост“ наведува и еден случај од 2011 година, кога Фејсбук открил постоење на апликација наречена „Клоут“, која на социјалната мрежа отворала профили чии сопственици се претставувале како деца. При тоа не станувало збор за вистински деца, туку за „профили духови“ создаден од самата апликација врз основа на податоците добиени од корисниците кои ја употребувале „Клоут“.

– Моја задача беше да се јавам кај шефовите на „Клоут“ и да ги прашам дали со апликацијата кршат некои од правилата на Фејсбук, затоа што ниту можев да видам, ниту да знам што прават со тие податоци. Тие ме уверуваа дека не прекршиле ниту едно правило. Јас им повторив дека мора да се придржуваат до нашите правили и тоа беше крај на разговорот, додава Паракилас.

Соред него, Фејсбук не презел ништо во врска со ова прашање, ниту пак го спречил „Клоут“ да продолжи да прибира податоци на корисниците.

Паракилас додава дека можело лесно да се види дека „Клуот“ ги крши правилата за приватност, но дека постоелие и „уште пострашни работи“ со апликации кои не можеле лесно да се отркијат.

Тој смета дека Фејсбук никогаш јавно не проговорил за овие проблеми затоа што не сакал јавноста да дознае за „големата дупка“ и слабостите на системот задолжен за безбедноста на податоците.

– Во 2012 година изработив голема презентација за главниот менаџмет со која им укажав на сите недостатоци на системот. Им објаснив дека имаме многу пропусти во системот и дека корисниците се опасно изложени на надворешни влиајнија. Тој документ го исптарив до сите, но добив многу малку, речиси никакви, повратни одговори, вели Паракилас за „Вашингтон Пост“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски