Црвен крст: Луѓето во Мариупол се напаѓаат меѓусебно за храна

Од:

Црвениот крст ја опиша како катастрофална ситуацијата во Мариупол, украинскиот пристанишен град кој е под опсада на руските сили.

Во Мариупол со денови паѓаат бомби и гранати, а Русите вчера ги бомбардираа родилиштето и детската болница во Мариупол, јавуваат светските агенции.

Саша Волков, шеф на делегацијата на Црвениот крст во Мариупол, рече дека добива извештаи оти резервите на храна и вода се на „опасно ниско ниво“. Во аудио порака снимена вчера, Волков вели дека „многу семејства веќе немаат храна за своите деца“.

Тој додаде дека „има еден вид црн пазар за зеленчук“, но „месо не може да се најде никаде“. Резервите на лекови се при крај, рече Волков, додавајќи дека „градските аптеки се ограбени пред четири до пет дена“. Некои болници, сепак, сè уште работат.

– Луѓето почнаа да се разболуваат од влажноста и студот. Недостигаат лекови, особено за дијабетичарите и за оние кои боледуваат од рак. Но, не постои никаков начин овие лекови да се најдат во градот, рече Волков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари