Црниот „Фиат“, со кој папата се возеше во Њујорк, продаден за 300.000 дилари

Од:

Црниот „Фиат“ со четири врати, со кој папата Франциск се возеше додека минатиот септември беше во посета на Њујорк, е продадена на аукција за 300.000 долари, објавено е на сајтот „Черитибаз“.

„Фиат лаунџ“ беше еден од двата такви мини „папамобили“ кои поглаварот на Римокатоличката црква го возеа низ „големото јаболко“, наведуваат француските медиуми.

По цена која е најмалку 12 пати поциока од првичната, „фиатот“ го купи бизнисменот и милионер Мајлс Надал, кој веќе поседува повеќе од 130 автомобили и мотори, се наведува на сајтот.

Приходот од продажбата ќе им биде доделен на католичките школи и добротворни организации во њујоршката бискупија, како и на две меѓународни католички агенции.

Аукцијата почна на 17 март, а првата понуда беше 10.500 долари. Во средата неговата цена скокна на 195.000 долари, за во четвртокот веќе да ги достигне финалните 300.000 долари.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска