УНЕСКО по итна процедура ја впиша црквата на Христовото раѓање во Витлеем на листата на светските културни наследства.
За неа гласале 13 членови од Комитетот за културно наследство, шест биле против, а двајца биле воздржани.
Таа црква се наоѓа на палестински територии и е прв палестински споменик ставен во листата на светски културни наследства, откако Палестина е примена во УНЕСКО, минатиот есен.
Црквата на Христовото раѓање е изградена пред 1.500 години.