Фински производител на тоалет хартија повлече производи со наводи од Библијата кои биле испечатени на ролни тоалет хартија меѓу кои и зборови на Исус, по протести на лидери на норвешка црква.
– Луѓето сакаат да читаат мали пораки за среќа додека седат на вц-школка, изјави Кристина фон Трамп, портпарол на компанијата Метса Тишју.
– Голем дел од реакциите беа позитивни. Нашата намера беше да шириме љубов и радост, а не верски пораки, додава таа.
Но, бискупи од Протестантската црква во Норвешка сметаат дека пораките од Библијата на тоалет хартија не се забавни.
– Тоа е лош вкус и покажува недостиг на почитување. Пораките од Библијата не се соодветни за на ролни од тоалет хартија, вели Лаили Риксасен Дал, бискуп на таа црква.
На ролни со тоалет хартија на таа компанија што се продаваат во сите нордиски држави, се наоѓаат интересни пораки, поезија или филозофски пораки. Компанијата соопшти дека ќе продолжи со такви производи. но со строга проверка.