Циклонот Вероника го погоди северозападното крајбрежје на Австралија

Од:

Моќниот тропски циклон Вероника го погоди северозападното крајбрежја на Австралија, носејќи со себе силен ветер и поројни дождови.

Како што соопшти австралиската метеоролошка служба, ветерот, што на места дувал и со брзина до 154 километри на час, предизвика бранови високи по неколку метри, кои заедно со поројниот дожд, предизвикаа поплави на крајбрежјето.

Властите прогласија „црвено“ ниво на опасност од појава на поплави и апелираа до граѓаните да најдат сигурни засолништа од ветерот.

Од циклонот најтешко е погоден градот Порт Хедланд, кој е еден од најголемите центри во светот за извоз на железна руда.

Вероника е втор циклон што ја погодува Австралија викендов, откако вчера северното крајбрежје на државата го погоди и ураганот од четврта категорија Тревор, исто така проследен со поројни дождови и силен ветер со брзина и до 250 километри на час.

Австралиските медиуми јавија дека ова е вторпат во историјата на Австралија, земјата во исто време да биде погодена од два циклони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа