Циклонот Еван однесе четири жртви во Самоа, се движи кон Фиџи

Од:

Моќниот тропски циклон Еван однесе четири жртви во Апиа, главниот град на Самоа, покажуваат официјалните податоци објавени денеска од властите на малата островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан.

Еван, проследен со силни ветрови и големи океански бранови, во четвртокот го погоди крајбрежјето на Самоа. Тој е првиот циклон во летната сезона во јужната хемисфера.

Телевизијата Еј-Би-Си објави дека бурата се движи кон островите Фиџи, каде веќе е почната масовна евакуација на населението, пренесува БТА.

Според податоците на синоптичарите брзината на ветерот достигнува 180 километри на час и засега станува збор за циклон од трета категорија, со можност да зајакнува. Се очекува Еван да стигне до бргот на Фиџи утре вечер.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски