ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Од:

Претседателката на Молдавија Маја Санду го доби вториот мандат во вториот круг од претседателските избори, покажуваат прелиминарните податоци на молдавската Централна изборна комисија (ЦИК).

„Кишињев покажа извонредна мобилизација. Беше забележан импресивен и историски одѕив на млади луѓе. Гласаа повеќе од 1.690.000 луѓе. Разбирам дека гласањето беше за промени, промени кои се очекуваат во општеството, но сакам да знаете дека ги слушнав сите гласови, вклучително и оние кои критикуваат“, рече Санду во обраќањето, пренесе молдавската државна новинска агенција Молдпрес.

По обработката на 98,42 отсто од изборните материјали, за Маја Санда гласале 899.154 гласачи – што е 54,70 отсто од граѓаните кои излегле на гласање, додека кандидатот на социјалистите Александар Стојаноглу добил 744.782 гласа или 45,30 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура